Април 2014 краен рок за А интегирана дозвола

Bez autora
Sep 15 2013

Големите компании најдоцна до април следната година ќе мора да обезбедат А интегрирана еколошка дозвола. Вчера претставници на Владата имаа средба со неколку фирми кои имаат обврска да ја поседуваат таа дозвола и според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, им било соопштетно дека Владата нема намера да отстапи од тој краен законски рок. Големите компании кои нема да ги преземат мерките и до тогаш нема да имаат А интегрирана дозвола ќе мора да се соочат со сите законски последици. Владата во своите стратешки определби ја има грижата за здравјето на граѓаните и токму тоа е причината за состанокот.

Април 2014 краен рок за А интегирана дозволаГолемите компании најдоцна до април следната година ќе мора да обезбедат А интегрирана еколошка дозвола.

Вчера претставници на Владата имаа средба со неколку фирми кои имаат обврска да ја поседуваат таа дозвола и според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, им било соопштетно дека Владата нема намера да отстапи од тој краен законски рок.

- Големите компании кои нема да ги преземат мерките и до тогаш нема да имаат А интегрирана дозвола ќе мора да се соочат со сите законски последици. Владата во своите стратешки определби ја има грижата за здравјето на граѓаните и токму тоа е причината за состанокот. Ценевме дека е правилно на време да го пратиме сигналот за оваа законска обврска која компаниите ја знаат години наназад - вели Пешевски.

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдулаким Адеми вели дека не може да се каже бројот на компании кои ја имаат обврска за А интегрирана дозвола, бидејќи, како што вели, тој е динамичен. За неисполнување на оваа законска обврска се предвидени повеќе санкции, од кои најтешката е затворање на компанијата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik